фото: Телеграф
Во дворот на Весна Бејби Петрушевска во скопската населба Кисела Вода, кој соседите го паметат по смеа и весели дружби, владее тажна атмосфера и се шири силен мирис на чад. Весна во друштво на неколкумина работници, роднини, пријатели што доаѓаат да им дадат поддршка, на мајката Сашка, таткото Кирил, сестрата Маја, која допатува од Лондон, на децата Мина и Кирил и роднината Златко, кој ги санира последиците, пишува„Вест“.
Весна Петрушевска раскажува како низ големиот оган кој се ширел во куќата, со шлем и гумени чизми влегла внатре и се обидела да го извлече мачорот, но не успеала да го пронајде.
-Го зедов шлемот од пожарникарите, облеков гумени чизми и влегов во куќата.Огнот се ширеше многу брзо, успеав да влезам на 2-3 минути, и не успеав да го најдам. Слушнав само тивко чукање, мислам дека тоа беа последните движења на мачорот. Потоа ја слушнав мајка ми како ме вика, сфатив дека ако останам уште малку во куќата, и јас ќе изгорам. Има 15 метри од дневната соба до излезот, јас загубив осет за време. Мислам дека тие 15 метри ги поминував цели три минути – раскажува Весна.
Иако официјано сѐ уште нема информација од што настанал пожарот, тие велат дека се сомневаат дека станува збор за старата инсталација на куќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.