Грчкиот парламент им го укина имунитетот на тројца пратеници на Златна зора. Со тоа се создава можност за постигнување тужба на Јорго Герменис, Ефстатиос Букурас и Панајотис Илиопулос за „членување во злосторничка организација”.
Грчкиот парламент воедно го укина имунитетот за уште тројца пратеници од неонацистичката партија кои веќе беа обвинети за истото дело, но овојпат се товарат за кривини дела поврзани со насилствата коишто им се припишуваат на припадниците на Златна зора. Станува збор за портпаролот на партијата, Илиас Касидиарис, и пратениците Илиас Панаѓотарис и Хрисовалантис Алексопулос.
Касидиарис на почетокот од седницата во парламентот предупреди на „кукавички заговор против неговата партија, што е обид да се поништи уставот” и додека Златна зора, којашто првпат во историјата на минатогодишните предврмени повторени парламентарни избори освои пратенички мандати – и тоа 18, ќе се воздржат од гласањето. Потоа неонацистичките пратеници ја напуштија седницата на самиот почеток од гласањето.
Во текот на гласањето, повеќе од две третини од 300-те грчки пратеници се изјаснија за укинување на пратеничките мандати на претставниците од Златна зора.
Притоа Панајотис Илиопулос повторни предупреди дека „ме прогонуваат поради моите идеи, а не поради некој чин, не направив никакво злосторство”.
Одлуката за гласањето е донесена на барање на обвинителството на Врховниот суд на Грција кој против златна зора почна истрага откако на 18-ти септември еден нејзин припадник со нож го уби познатиот антифашистички рапер Павлос Фисас, а претходно беа организирани и многубројни напади врз странските доселеници по излегување од бар со неговата девојка во близина на Атина.
Убиството на Фисас ја вознемири цела Грција, натерувајќи ги властите да подготват широка акција против партијата којашто воопшто не е претходно казнувана за повеќекратните насилство, вклучително кон доселениците и активистите од левицата.
Покрај тоа, властите покренаа истрага за финансирањето на Златна зора и извршија претрес на голем број канцеларии на партијата чии активисти се сомничат за незаконско поседување оружје.
Грчкиот парламент во четвртокот треба на предлог на владата за прекинување на финансирањето на златна зора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Ситуацијата е алармантна и треба да се реагира: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесоа Информација за енормното загадување на воздухот
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!


