Околу објавениот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија, Ричард Ховит, известувачот на Европскиот парламент за преговорите за Македонија вели дека „многу време е изгубено“. Ховит порача до Комитетот за надворешни работи на ЕП, дека следното претседателство со Унијата на Грција, треба да обезбеди политички предуслови за решавање на долгогодишниот спор со името меѓу Атина и Скопје.
На петата по ред препорака за почеток на преговорите, објавена од комесарот за проширување, Штефан Филе, Ховит повика на политичка волја, но предупреди и за влијанието врз земјата „со најдолг стаж како ЕУ кандидат“, ако нејзиниот статус остане непроменет.
-Изгубивме премногу време за оваа земја, а во суштина земјата само се врати таму каде што беше во декември лани. Нашата заедничка задача е да ја оживееме надежта за прогрес- вели Ховит по извештајот на Филе.
Според него, во годината кога се прославува приклучувањето на Хрватска кон ЕУ, а и можноста Албанија да се стекне со статус кандидат, треба да се биде свесен за влијанието врз Скопје, ако земјата со најдолг статут кандидат повторно биде оставена да чека.
-Се надевам дека комесарот се согласува со мене дека политичка воља од сите страни е потребна , од властите во земјата секако, но и иста политичка воља од соседните земји, а секако и од Европскиот Совет- додава Ховит.
Тој е задоволен од неодамнешната изјава на министерот за надворешни на Грција кој повтори дека проширувањето на ЕУ е приоритет за време на грчкото претседателство.
-Се надевам дека претседателството може да помогне во придонесување кон политичка воља за решавање на спорот со името, со компромис прифатлив за сите страни- додава Ховит, -Знам дека комесарот препорачува решавањето на спорот со името да се случи во раната фаза по почеток на преговорите, но дозволете тие да почнат сега.
Тој рече дека е свесен дека почетокот на преговорите за поглавјата 23 и 24 кои се однесуваат на владеење на правото, човековите права и демократијата, ќе загрижат некои членки на ЕУ, за земјата.
Одговарајќи во иста насока како аналогија на комесарот Филе за Босна и Херцеговина за која рече дека треба да го покаже истиот дух како фудбалската репрезентација и дека Турција треба „да игра со топката“, Ховит додаде:
-Уживав во аналогијата на комесарот во врска со фудбалот за Босна и за Турција, па се надевам дека и тој ќе ми се придружи на мојата аналогија со фудбал, за земјата за која сум одговорен, па ќе речам таа се уште останува на клупата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
АВМУ со втор извештај: Медиумите неизбалансирани за референдумот, силно наклонети кон кампањата „За“
-
Европратениците не се обврзани на транспарентност за додатоците
-
„Независен весник“ дојде до извештајот на ЕК: Македонија ќе добие безусловна препорака за преговори
-
Франција освои бронзен медал на ЕП во Хрватска


