
Министрите на ДУИ што претендираат за градоначалничката фунција деновиве ќе поднесат оставки до премиерот Груевски од министерските функции, пред официјализирањето на кандидатурите. Меѓу министерите кои треба да поднесат оставка е и вицепремиерката Теута Арифи.
Неофицијално дознаваме неа, во ресорот евроинеграции најверојатно ќе ја замени министерот за одбрана Фатмир Бесими. Доколу оваа шпекулација се покаже како точна, евроинеграциите ќе бидат третиот ресор во владата со кој ќе раководи Бесими. Тој пред да стапи на челното место во одбраната беше прв човек во економијата.
Освен Бесими, во политичките кругови се спомнува името на пратеничката Ермира Мехмети. Но, со оглед тоа дека тоа место бара добар дипломат, Мехмети е личност која тешко би се снашла во таква улога, коментираат нашите соговорници.
Најмала е веројатноста со евроинтеграциите са раководи Артан Груби, шефот на кабинетот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Тој е и најнеприфатливата варјанта за Македонците, поради случувањата на Калето кога дојде до судир меѓу навивачки групи со етнички предзнак. Груби ги предводеше Алабнците, а преку еден медиум јавно призна дека, видни членови од опозицијата побарале од него преку „Калето“ да редизвика етничка криза со поголеми размери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вечните министри од ДУИ вечно на државен грб: По 10 години министерување Џафери, Адеми и Бесими цела година ќе земаат апанажа
-
Бесими се сретна со австрискиот министер за надворешни работи Курц
-
Бесими доби извештај од Хан со итни реформи и барање да се почитува договорот од 2 јуни
-
Француски експерти ќе ѝ помагаат на Македонија во унапредувањето на животната средина


