
Билјана Зафирова
Да го прозиваш општеството да изреагира за оваа реклама за алкохол и за нереализиран живот, а притоа да посакаш да е гол покрај контејнер и да умре од цироза е јасен показател дека си елементарно глупав, злобен, гневен шупак. Биди гневен на туѓиот талент и до задутре, никогаш нема да е твој. Оцрнувај ги другите, никогаш нема да си друг. Посакувај ја туѓата дарба и можност, никогаш нема да си ти. Бидејќи ТИ си злобен. Фрустрации има секој, ама само мудриот умее да проникне во нивната срцевина и да поработи на себе за утре да биде подобар од денес. Ти одиш по погрешниот пат: да ги натераш сите луѓе на светот да се коригираат и да тргнат по единствениот правилен пат, тој по кој одиш ти. Каква егоцентрична, мизерна оправданост за нечие постоење…
Никогаш повеќе во живот нема да отворам „Мактел.мк“, никогаш повеќе во живот нема да те сфатам ни полусериозно, никогаш повеќе во живот нема да потрошам поливина секунда за да ти помислам дали, можеби, имаш некоја суштински оправдана поента искажана на лош начин. Нема.
Бидејќи си мал, гневен ништожник, кој не е достоен ниту да биде нечиј непријател.
Бетмен Велит
Сакав да напишам некој збор за идиоштината што треба да се нарече коментар… Се мислев дали вреди да трошам зборови за некој што сѐ уште не успеал да се осознае себеси, да се пронајде и да си го најде своето место под ова небо. Или, како што прокоментирав откако видов што „бљувотина“ излегла од неговиот таканаречен ум – И најлошите зборови се премногу вредни за да ги употребиш за некои луѓе… Тоа што ми се вртеше во глава се најде на страницата на Бетмен Велит. Одлично составено, секоја чест!
Еден мој колега, искусен и одличен предавач на Ѕидот на срамот напиша дека досега сметал дека не вреди да се трошат зборови за ова лице за кое и нему, како и на мене, ни е тешко и името да му го споменеме… Ама сега ја помина црвената линија… Да, ја помина линијата одамна, а овој пат ја помина и човековата глупост.
Доста беше молк за неговите глупости. Греота тастатурата што ги трпи неговите прсти. Знам дека Голиот човек на ова вели – болен човек, „игнор“… Но пријателе, јас не можам да оставам само на „игнор“ – прво од почит кон тебе и кон тоа што си го направил во животот, потоа од почит што ми покажа дека сè во животот може да се надмине, дека од секоја дупка може да се стане ако се сака, (освен од дупката во која она самопрогласено новинарче упорно пропаѓа сè подолу и подолу) дека секој проблем е решлив кога има волја за тоа. Не можам да прифатам поради тоа што се срамам од професијата поради ваквите, кои себеси се нарекуваат новинари. И не е важно што си ти, на твое место може да биде кој билодруг… дури и мојот најголем непријател… Дури и нему не можам да прифатам некој на ваков начин да му гази на достоинството. Доволно беше полуписмените „бљувотини“ да ги потпишуваме со „пушти, болен човек“. За болните има одредено место, а тоа место не се вика јавност.
Се прашувам дали oна човече што ја силува тастатурата од својот компјутер ги прочитал книгите на Голиот човек. Би рекла повеќе му прилега Големиот човек… Дрско е да напишеш што било за книга, која никогаш не си ја прoчитал… А ако ја прочитал… жално е колку не ја разбрал пораката. Сигурно Големиот човек додека се соголувал на белите страници не помислил на ваквиот профил на луѓе, кои читаат, а не знаат што читаат.
Еднаш веќе зборував за ваквите луѓе. Еден Мал рапер се дрзна да напише песна за Големиот човек. Во таа пригода се обидов преку зборовите на Венко Андоновски да му објаснам дека е доблест и храброст да дадеш директен пренос од својот живот, директно да зборуваш за себе, за тоа за што се каеш, за тоа за што не се каеш, за тоа што му било животна лекција и за шансите што не ги искористил. Се прашував како може ова раперче да гази по достоинството на еден Голем човек. Единственото објаснување ми беше дека сака да биде Големиот човек но не знае како… И тоа се потврди – Малиот рапер почна да се соголува… барем се обидува.
И додека мислев дека тој ќе биде единствениот што ќе се дрзне да напише дека Големиот човек треба да го напушти овој свет, се појави ова таканаречено новинарче да покаже дека дното било многу подолу. Но не е виновен тој. Виновни се сите тие што му помогнаа неговото име да излезе од анонимноста, сите тие што му гостуваа во студиото само затоа што знаеја дека ќе изгледаат премногу паметни во разговорот со фустрираниот човек, кој секогаш неподготвен влегува во студио, притоа не разбирајќи ги најосновните работи.
Но Големиот човек не е еден од тие што би седнале во студиото на човечето што глуми новинар. Му останува само да го гледа на малите екрани и да страда што нема ниту еден процент од дарбата што ја има Големиот човек, еден процент од неговата интелегенција, еден процент од шармот што го поседува најголемиот и најпознат македонски шоумен. Зашто поблиску до него не може ни да стигне.
Време е да сфати дека глумата што сака да ја одигра не му прилега. Животот е убав, но само ако знаеме како да го живееме… Време е да научи како да живее, дека животот не е плукни па лижи, пиши па извини се…Доста е! Доволно ни покажува дека има причина што некој рекол – човекот е најголема грешка на природата!
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


