Дрогата била пронајдена при претрес на автобус кој сообраќал на линијата Охрид – Хамбург, а била сместена во перница за спиење.
Пред претресот, возачите на автобусот им посочиле на цариниците да обрнат внимание на еден спортски ранец. Возачите споменале дека сопственикот на торбата, иако ја сместил во багажниот простор, не се качил во автобусот. Тие забележале дека сопственикот на торбата не е во автобусот кога ја направиле последната проверка, споредувајќи го бројот на патниците присутни во автобусот со бројот на патниците наведен во списокот на патници.
При преглед на торбата сопственост на осомничениот А.Ј., цариците ја пронашле перницата во која била марихуаната.
Осомничениот А.Ј. откако ја набавил марихуаната ја сокрил во перница за спиење и истата ја сместил во ранец, а потоа се упатил кон автобуската станица во Скопје. Тука бил забележан од страна на четири лица кои го чекале автобусот за Хамбург. Откако пристигнал автобусот, осомничениот го дал ранецот заедно со неговиот пасош на лице задолжено за товарање на багажот во автобусот, кој во листата за багаж го впишал името и презимето и бројот на патната исправа на осомничениот. Осомничениот го искористил присуството на голем број патници и не се качил во автобусот и заминал во непознат правец.
Марихуаната требало да заврши на германскиот нарко пазар.
Инаку, осомниченото лице им е добро познат на органите за прогон и против него претходно се поднесени повеќе кривични пријави за разбојништва и кражби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.







