| четврток, 6 декември 2018 |

Празнично: 10.000 Македонци потрошиле половина милион евра во Банско

guza granica

Околу 10.000 македонски државјани преку трите гранични премини заминале во Бугарија за продолжениот празничен викенд за 11 октомври. Ако се направи груба математика, секој од нив потрошил по 50 евра. Во ски-центарот Банско, кој беше најпродаваната туристичка дестинација во Македонија за овој празник, Македонците оставиле над половина милион евра само за ручеци и за кафе, пишува „Вест“.

Македонските туристички оператори уште пред празникот најавија дека Банско во Бугарија за годинешниот 11 октомври е најпродаваната туристичка дестинација. Пресудна за големиот број уплати, според нив, била ниската цена за аранжманите во кои сѐ е вклучено. Цените во луксузните хотели во Банско за две ноќевања и сè вклучено се движеа од 46 евра, па нагоре, што е еднакво, на пример, на ноќевање со појадок во Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top