| четврток, 6 декември 2018 |

„Трето дете“ и во Русија

Рускиот претседател Владимир Путин и порача на нацијата да имаат најмалку по три деца за да, како што вели тој - заживеаната нација биде доверлива и влијателна сила на светската сцена

Проектот трето дете е преземен во Русија. Путин во обраќањето до нацијата порача дека по донесените мерки за помош за второ дете, за догодина најави нова помош за оние со трето дете.

-Анализите велат дека изборот за второ дете веќе е потенцијален избор и за трето. Важно е за семејствата да го направат овој чекор. Убеден сум дека нормата во Русија ќе биде семејство со три деца. За да се постигне оваа цел, жените треба да имаат достапни можности за продолжување на работните обврски, што би ги ослободило од стравот дека раѓањето деца е можна препрека за професионална кариера, додаде Путин.

Долгогодишната демографска надолна статистика за Путин е закана за безбедноста.

– За Русија да биде силна и суверена држава, треба да сме повеќе и мора да сме подобри во моралот, компетенцијата, нашата работа и креативност. Конечно наталитетот е за степен над морталитетот, рече Путин.

Пописот од 2010 изброи 143,000,000 жители на Русија. Статистиката покажува дека просечно секоја русинка раѓа по 1.7 дете.

Претседателот Путин изјави дека работи на создавање на 25 милиони работни места до 2020 година. Тој даде и ветувања за развој на индустријата, вклучително авио и бродоградителството, и посочи дека војниот и вселенскиот сектор треба да се модернизира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top