| четврток, 6 декември 2018 |

Казнета да мие тоалети бидејќи ја открила врската со Том Круз

Актерката Назанин Бониади која го имаше своето деби во хит серијата Homeland, е жената која во 2004-та година беше регрутирана од сциентолошката црква со цел да стане новата госпоѓа Круз. Триесет и едно годишната актерка стана познато лице во јавноста откако Vanity Fair мината година објави дека била тајно избрана од црквата да се состанува со Том Круз пред тој да ја избере Кејти Холмс и да се ожени со неа.

Врската помеѓу Том и Назанин траела само три месеци пред тој да ја откачи.

-Наз доживеа нервен слом по раскинувањето со Том Круз делумно поради казната која што ја доби. Беше принудена да чисти тоалети со четкичка за заби во црквата за сциентологија во Флорида. Работеше 10-15 часа дневно и и беше кажано дека е казнета бидејќи зборувала за врската со Том, открива интерен извор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top