| четврток, 6 декември 2018 |

Спектакуларниот Бољшој балет во живо во Скопје

Од недела, 20-ти октомври киното Cineplexx започнува со преносот во живо на Бољшој балетите. Сезоната на Бољшој 2013/14 за прв пат ќе биде прикажана на големото платно во Македонија. Пет извонредни балети вклучувајќи четири премиерни продукции, Pathé Live и најдобрата светска балетска компанија ќе ни ги приближат најспектакуларните, богати и разновидни класични изведби на кино платното.

Глобално најуспешната серија на балетски преноси во кината, Бољшој балетот во живо, за оваа сезона 2013/14 ни подготви смела и раскошна програма која ја рефлектира различноста на најголемите балети во светот. Сезоната започнува со симболот на Бољшој балетот – прекрасниот епски херој Спартакус, прикажувајќи ја легендарната машка танцувачка техника на компанијата. Популарните класични балети на Петипа од 19от век се презентирани преку балетот Пират. Во „Бесценети камења“ на Бланчин ќе ги видиме изведувачите со своја изворедна кореографија во американски стил. Загубени илузии е долготраен балет на најголемиот современ руски кореограф, талентираниот Алексеј Ратмански; а преку Шостакович и неговата Златно Доба, Бољшој балетот повторно го оживува балетот кој беше забранет и цензориран.
Преносот во живо на балетот Спартакус е закажан за 20ти октомври, со почеток во 17:00 часот.
Она што е најзначајно за оваа изведба на Спартакус е учеството на Светлана Закхарова, која ја толкува главната улога на љубовницата на Спартакус. Најистакнатата и светски призната балерина, чии изведби се секогаш распродадени низ светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top