Во британското кралско семејство се „подготвува“ скандал. Повеќето благородници се лути на принцот Вилијам и на Кејт Мидлтон бидејќи одлучиле да го крстат синот Џорџ на интимна прослава кон крајот на овој месец, на која тие не биле поканети. Тетките на принцот Вилијам, принцезите Ани и Софија, грофиците од Весекс, биле изоставени од листата на поканети, па старите членови на кралското семејство биле многу лути поради тоа. Иако Бакингамската палата одбила да го коментира тоа, се чини дека вујковците на Џорџ, принцот Ендру и принцот Едвард, исто така не биле поканети на долгоочекуваниот настан кој ќе се одржи на 23 октомври. Инаку, Вилијам и Кејт одлучиле да раскинат со кралската традиција па синот ќе го крстат во капелата во палатата Ст. Џејм, бидејќи просторот бил помал и поинтимен од Бакингамската палата. На крштевката ќе присуствуваат само најблиските членови на семејството и пријателите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Принцезите на воена нога: Како лошите односи на Кејт и Меган од џебот на Британците ќе извадат пет милиони фунти
-
Кејт Мидлтон се расплакала поради Меган: Исплива највалканата тајна од кралската венчавка!
-
Ги закрви браќата: Вилијам поради Меган се скара со братот!
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка


