| четврток, 6 декември 2018 |

Џудистка користела кокаин на Олимписките игри во Лондон

Се работи за Белгијката Шарлин ван Сник која била позитивна на кокаин на Светското првенство во Рио де Жанеиро

sarlin-500

„Добив известување дека забранетата супстанца метаболит кокаин е пронајдена во еден од моите примероци“, изјавила за белгиската радио-станица ван Сник, која и на Мундијалот во Бразил стигнала до третото место.

Таа нагласува дека била изненадена од оваа информација со оглед на фактот што води здрав начин на живот и оти никогаш намерно не би користела никакви супстанци.

Младата белгиска џудистка сега се наоѓа пред двегодишна суспензија, а и се заканува одземање на медалот кој го освоила во Рио де Жанеиро, во борби во лесна категорија. Се надева дека сепак ќе се извлече со Б примерокот.

„Имам адвокат и ќе се обидеме да ја докажеме мојата невиност. Отсекогаш се трудев да бидам професионалец и ги извршував сите свои обврски кои ги имам кон антидопинг тестирањата, навистина не знам како можеше да се случи вакво нешто“, вели ван Сник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top