| четврток, 6 декември 2018 |

Нови патоказни табли во Вевчани, отстранет е натписот на албански јазик

Агенцијата за државни патишта ги отстрани тројазичните табли и сега на влезот од Вевчани има нови табли само на македонски јазик и кирилично писмо и на англиски јазик. Патоказните табли на кои името на општина Вевчани покрај на македонски и англиски беше напишано и на албански јазик издржаа кратко време. По острата реакција на општинските власти во Вевчани, Агенцијата за државни патишта ги отстрани таблите и сега на влезот од селото на патниот правец Струга- Дебар има нови табли кои се само на македонски јазик и кирилично писмо и на англиски јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top