Во северниот дел на Грција, на местото каде некогаш се наоѓал античкиот град Аргилос, откриен е „шопинг центар“ стар околу 2700 години.
Имено, откриена е таканаречена „стоа“, отворена структура долга 40 метри во која се наоѓале продавници, пекари и аптеки, а во овој конкретен случај станува збор за седум различни простории во кои археолозите пронашле ковани пари, вази и останати предмети што откриваат како живееле луѓето некогаш.

-Секоја од овие простории била продавница, се наоѓале една до друга, како што тоа денес е случај со продавниците во трговските центри, објаснува професорот Жак Перо, експерт за грчката историја и лидер на археолошкиот тим, додавајќи дека ова е единствено и едно од најстарите наоѓалишта.
Аргилос во петтиот век пред нашата ера бил еден од најбогатите градови во тој дел на Грција, а откако Филип Македонски го освоил тој регион, ги депортирал жителите во Аргилос во блискиот Амфиполис. Напуштен и недопрен од понатамошниот урбан развој, Аргилос со текот на времето, како што тврдат археолозите, останал „замрзнат во времето“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


