Германската федерална полиција уапси 19-годишен алжирски бегалец, кој избегал од психијатриска клиника и при апсењето извикувал „Ќе ве кренам во воздух“.
Мажот е уапсен на бременската централна автобуска станица, по неколкучасовната потрага, која следеше по евакуацијата на трговскиот центар во Бремен, соопшти полицијата во соседната провинција Долна Саксонија, која учествуше во потрагата.
Нема докази дека Алжирецот планирал некаков напад или дека е поврзан со исламистички групации и покрај тоа што изразувал симпатии кон Исламска држава и кон напаѓачот од минхенскиот трговски центар, кога бил приведен за кражби и сослушан во полицијата минатиот викенд. Властите го евакуираа трговскиот центар во Бремен, кој се наоѓа на околу 40 километри од психијатарската клинија, откако посетителите забележале сомнителен маж, за кого помислиле дека е избеганиот пациент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.