| четврток, 6 декември 2018 |

Хју Џекмен имаше најинтересна роденденска забава

Актерите се доста иновативни кога станува збор за некаква прослава, но сите колеги му признаваат на Хју Џекмен дека го имал најинтересниот роденден.

Својот 45-ти роденден тој го прослави под мотото “One Night Only” во театарот Dolby во Холивуд. Целата публика имала реквизити во форма на популарната „канџа“ на Волверин, филмскиот лик по кој Џекмен стана најпознат.

Меѓу присутните во публиката биле Том Круз, Октавија Спенсер, пејачот  Babyface и други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top