| четврток, 6 декември 2018 |

Вевчанци се заканија: сами ќе ги отстранат патоказните табли на албански јазик

Локалната самоуправа од Вевчани и официјално реагираша до Агенцијата за државни патишта поради поставените патоказни табли на патниот правец Струга – Дебар, на кои освен на македонски и англиски, името на ова населено место е напишано и на албански јазик.

Вевчанци дури се заканија дека доколку не бидат отстранети или корегирани постоечките патоказни табли, заедно со инспекциските служби, тие самите ќе преземат акција за отстранување на истите.

Секретарот на општината Горги Влајкиновски, во улога и на заменик на градоначалникот кој е на службен пат во Велика Британија, за „Утрински Весник” појаснува дека знаците се поставени, на патот после селото Велешта, на територија на нивната општина, во месноста викана „Кореја”. Од Агенцијата за патишта, истовремено, бараат на еден трошок да одстранат уште една нивна грешка. Имено, кај селото Враништа, Агенцијата за државни патишта туристите ги упатува за Вевчани заобиколно преку селото Октисти, иако до нив има директна комуникација.

Реагиравме со писмено барање Агенција за државни патишта веднаш да ги отстрани поставените сообраќајни патокази на кои Вевчани е испишано и на албански, како Вевчан. Или, барем да ги корегира. Согласно законот за употреба на јазиците, натписи на албански јазик може да се поставуваат само ако таа национална заедница брои повеќе од 20 проценти. Кај нас нема ниту еден Албанец и на нашата територија не можатда се поставуваат двојазични табли, го пренесува категоричниот став на вевчанци, секретарот на Општината Ѓорѓи Влајнкиноски.

фото: А1.он

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top