Во Струга е планирано да никне туристичка развојна зона на брегот од Охридското Езеро, во селото Калишта.
Како што најави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески оваа зона ќе се гради на земјиште сопственост на Република Македонија.
– Се предвидува странски инвеститор да инвестира во изградба на хотели и промовирање на Струга како поволна туристичка дестинација. Ќе има 15-тина дена во кои граѓаните ќе можат да дадат забелешки на јавната анкета и очекувам дека во текот на овој месец или најдоцна во ноември, планот да биде донесен, вели министерот Јанакиески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


