Во манастирот „Пресвета Богородица“ во струшкото село Калишта денеска се одбележува големиот христијански православен празник Рождество на Пресвета Богородица.
Голем број верници од синоќа се поклонуваат пред чудотворната икона во манастирот која се смета за единствена икона во Македонија каде Мајката Божја е насликана во црна облека и со црно лице, а и детето Исус е насликано во црно. Позната како Богородица во црно, иконата е пронајдена во малата пештерска црква, а денес се чува во поголемата црква од комплексот и се верува дека има неверојатна лековита и исцелителна моќ.
Овој празник, кој е познат и како Мала Богородица за стружани отсекогаш бил посебен бидејќи преку него успеале да ги задржат традиционалните вредности, но манастирскиот комплекс во Калишта, по повод празникот го посетија и граѓани од други религии кои веруваат во исцелителната моќ на Пресвета Богородица.
По традиција и годинава, двата охридски брода „Александрија“ синоќа ги превезуваа охриѓани до манастирот во Калишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Манастирот во Калишта исцелува од болести и ги дарува оние кои не можат да имаат деца
-
Денес е голем празник: Молитвите на Мала Богородица им помагаат на бремените и на неротките
-
Огнена Марија – не работете и пазете се од громови!
-
Утре е Мала Богородица: Задолжително направете го ова, а ако биде ведро…