Тоа се легендарните Панче и Невенка Кочовски, членовите на некогаш популарните „Мањифико“. Денес тие секојдневно уживаат во прошетките, средбите со двете ќерки Тања и Лидија, се потсетуваат на повеќе од 3.700 самостојни концерти на „Мањифико“ во повеќе од 30 земји во светот, со повеќе од 7.500.000 публика.
Деновиве тие прославиле 49 години брак. Во еден разговор за Република, Панче Кочовски раскажуваше за тоа како Невенка стана Кочовска:
– Првите две години сѐ беше нормално, се почитувавме, помагавме, но немаше некои поголеми чувства. Невена дури како пријателка ми правеше друштво додека да ми дојде девојката, па ја испраќавме за да не оди сама до дома. Бевме другари. Одеднаш проработија тие бранови должини. Во ист момент се појавија некои симпатии. 1964 година на 11 октомври веќе стапивме во брак. Имавме и имаме среќен брак, поминавме секакви моменти. Има почит и разбирање.

Невенка и Панчо кочовски со ќерките Тања и Лидија, зетот и внуците
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


