| четврток, 6 декември 2018 |

Суд: Политичкото дејствување да се реализира надвор од институциите на судскиот систем

Protesti-sipkovic03

Претседателот на судот побара од претставниците на политичката партија да направат јасна дистинкција меѓу основаното сомнение поради кое се води постапка пред овој суд наспроти желбата на политичката партија да му се помогне на својот сопартиец без да бидат добро информирани за причините и за основите поради кои се води оваа постапка – велат од Основниот суд Скопје 1.

Преку соопштение претседателот на судот побара од присутните високи претставници на политичката партија да се оградат од судската постапка и дејства на судот, а политичкото дејствување да го реализираат надвор од институциите на судскиот систем.

Ваквата изјава од судот доаѓа по денешните случувања пред судската зграда откако претседателот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ, беше приведен во Виена поради сомнение за криминал тежок еден милион евра направен во скопската фирма „Машинорпмет“, каде бил претседател на Управниот одбор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top