| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев го нема во најдобриот состав на Интер од ерата на Морати

Горан Пандев беше стандарден првотимец на Интер во сезоната 2009/10 кога популарните „нероаѕури“ ја покорија Европа и ја освоија титулата во Лигата на шампионите, но, сепак, македонскиот репрезентативец не се најде во најдобриот тим од таканаречената ера на Масимо Морати.

Индонезискиот биснисмен Ерик Тохир денеска го официјализираше договорот со досегашниот сопственик Морати и веќе е мнозински сопственик на клубот со 70-процентен посед на акциите.

Моментот го искористија и новинарите на „Калчомеркато“ и веднаш составија најдобар и најлош тим на Интер во ерата на Масимо Морати.

Звездените моменти се случија пред три сезони кога под палката на Жозе Мурињо Интер ја освои популарната „триплета“, односно Серија А, Лига на шампиони и светскиот клупски куп во организација на ФИФА. Од тој тим дури седуммина фудбалери се најдоа во идеалниот состав, но го нема Пандев.

Цезар, Занети, Самуел, Лусио, Камбијасо, Милито и Ето се во тимот од соништата, а уште четворица кои не беа во таа генерација заслужија позиција во најдобрите 11, предводени од Верон, Ибрахимовиќ, Роналдо и Роберто Карлос.

Меѓу најлошите 11 место имаат Карини, Ривас, Доморо, Силвестре, Грешко, Консеисао, Кварезма, Форлан, Вампета, Паоло Соуза и Батистута.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top