Поранешниот управителот на фудбалскиот клуб Шкендија од Тетово, испратил документ до Централниот регистар, но поради нешто се покајал, па наместо да го повлече, пријавил во полиција дека некој го фалсификувал неговиот потпис и печат.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.Ш.(54) од село Добарце, поранешен управител на ФК „Шкендија“, за сторено кривично дело лажно пријавување на кривично дело.
На 14-ти мај лани, пријавениот во СВР Тетово пријавил дека од страна на непознат сторител без негово знаење и согласност до Централниот регистар односно регионалната канцеларија Тетово доставил известување на име на ФК „Шкендија“ во која го фалсификувал неговиот потпис и печат на клубот, иако знаел дека истиот го испратил известувањето на кое своерачно се потпишал и го заверил со печат кој самиот го изготвил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


