Претседателот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ, утрово е уапсен на аеордромот во Виена. Информацијата ја потвдри МВР, од каде што велат дека вчера, по барање на судот, полицијата распишала меѓународна потерница.
Шиповиќ во моментов сѐ уште се наоѓа на аеродромот во Виена. Во согласност со процедурите, австриските власти најпрво треба да извршат идентификација, а потоа се очекува судија да му одреди екстрадициски притвор. Се очекува набрзо судот да поднесе барање за екстрадиција, а по завршуањето на сите процедури, Шиповиќ да биде префрлен во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.