| четврток, 6 декември 2018 |

Шефот на кабинетот на Алити пуштен од притворот во Шутка

Арменд Фазлиу, осомничен за пожарот во Македонска пошта, кој е и шеф на кабинетот на Рафиз Алити, е пуштен да се брани од куќен притвор.

Тој уште минатата недела ја напуштил Шутка.

Како што пренесува Канал 5, објаснувањето од таму е дека  истражниот судија сметал дека и на овој начин може да се обезбеди присуството на осомничениот и да се остварат целите на постапката.

Откако биле сослушани битни сведоци и изведени други докази, истражниот судија  проценил дека има основ да му се определи куќен притвор.

На ова не се жалеле ниту од обвинителството.

Истрагата се уште е во тек и не се открива на кој начин се  сомничи  Фазлиу дека е одговорен за пожарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top