| четврток, 6 декември 2018 |

Од утре топли радијатори

parno-greenje

Скопјани од утре конечно ќе добијат парно греење. Откако минатата недела, кога температурите паднаа под нулата, и жителите во скопските општини Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Кисела Вода, Чаир, Аеродром „измрзнаа, енергетската компанија Балкан Енерџи Груп најави дека од утре, 15 октомври околу 50.000 домаќинства ќе имаат топли радијатори.

Балкан Енерџи Груп (БЕГ) која ја доби лиценцата за дистрибуција на топлинска енергија писмено преку официјалниот сајт на Регулаторната комисија за енергетика на РМ(РКЕ) ја информираше јавноста за стартот. Во неа се вели дека грејната сезона за 2013 и 2014 за потрошувачите на топлинска енергија кои се снабдуваат со топлинска енергија од нивната мрежа почнува од 15 октомври годинава.

Во меѓувреме регулаторите побараа од компанијата да стартува порано со грејната сезона бидејќи беа исполнети условите, односно три дена по ред во 21 часот беше измерена температура под 12 Целзиусови степени. РКЕ реагираше во неколку наврати, бидејќи и покрај нивните забелешки, компанијата не стартуваше со испораката за што можно е и одземање на лиценцата, како и парични санкции.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top