| четврток, 6 декември 2018 |

Полицаец побарал секс за да и ја скине казната

Полицаец од карловачката Полициска станица се сомничи за блуд.

Како што пишуваат хрватските медиуми полицаецот од жена побарал секс,а за возврат да и ја скине казната. Тоа се случило во неделата додека полицаецот бил на служба.

-По спроведено крим истражување, 43-годишниот полициски службеник се сомничи дека за време на должноста на 13 октомври, на подрачјето на Долга Реса, направил казнено дело блуд на штета на хрватска државјанка”, вели портпаролката на полицијата Андреја Ленард.

Полицаецот добил казнена пријава, а додека трае случајот ќе биде надвор од служба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top