Група членови на ПАСОК ја повика партијата да ги „преиспита“ своите односи со Нова демократија и да се дистанцира од партијата на Самарас. Во текст потпишан од 800 членови на „Движењето на 75“, упатен е повик до ПАСОК да направи план за „национален план за социјална кохезија“, со цел да се надмине кризата и државата да се доведе на пат кон развој.
Во меѓувреме, повеќе од 50 истакнати грчки личности потпишаа апел со кој се повикува на создавање централно-левичарска коалиција, која не бара распаѓање на ПАСОК и Демократската левица, туку напротив, ги повикуваат партиите да му се приклучат на движењето. Групата најмногу им се обраќа на оние кои не гледаат свои претставници меѓу сегашните десничари или „неокомунистичката/ популистичко-националистичка левица“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Нови разговори со Скопје, ако Сириза не успее да го ратификува договорот
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!