На аеродромот „Александар Велики“ со лет за Истанбул на излез од Р. Македонија се пријавил турски државјанин, кој иако поминал на зелен канал каде што поминуваат патници што немаат ништо за пријавување, бил селектиран за детална контрола, јави Царинската управа.
Притоа, кај него се пронајдени 99.200 евра. Дел од парите се пронајдени во џебовите од панталоните додека останатите во рачниот багаж меѓу предметите покриени со чевли и текстил и останати предмети за лична употреба.
Законот за девизно работење предвидува дека нерезиденти можат без да пријават да изнесат девизни средства во противвредност од 10 илјади евра, па, според тоа, 10 илјади евра му се вратени, а останатите 89.200 евра му се одземени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.