Грчките партии Нова демократија и ПАСОК заедно должат 365 илјади евра за придонеси за социјално осигурување. Министерот за труд, Јанис Вруцис, соопшти дека проверките на неплатените придонеси во јуни откриле дека Нова демократија должи нешто повеќе од 256 илјади евра, а ПАСОК има долг од повеќе од 109 илјади евра. Двете партии ги должат парите на грчкиот главен фонд за социјално осигурување, ИКА, кој од 2009 година бележи пад на приходите за околу една четвртина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Нови разговори со Скопје, ако Сириза не успее да го ратификува договорот
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!