| четврток, 6 декември 2018 |

Од утре „Виртуелна берза“

берза„Виртуелна берза“, едукативниот портал на Македонската берза, од утре ќе почне да функционира. Наменет е за сите што сакаат да здобијат искуство при тргување со хартии од вредност и да бидат подготвени за вистинско тргување на Македонската берза.

Виртуелната берза претставува симулација на вистинското тргување на Македонската берза бидејќи со виртуелни пари се купуваат, продаваат и вреднуваат вистински хартии од вредност што се тргуваат на Македонската берза. Секој регистриран учесник ќе добие на располагање 500.000 виртуелни денари со кои ќе може да купува и продава акции што се котирани на официјалниот пазар на Македонската берза на потсегментите суперкотација, берзанска котација и задолжителна котација. Целта на секој учесник е да постигнете максимална вредност на портфолиото преку реализирање на купопродажни трансакции. Воедно, учесниците во играта имаат можност  да го вреднуваат своето вистинско портфолио остварено од тргувањето на Македонската берза.

Годинашниот циклус на „Виртуелна берза“ ќе трае од 15.10.2013 година до 30.06.2014 година, по што ќе следува прогласување на тројца најуспешни учесници коишто имаат остварено најголема вредност на своето портфолио. Македонската берза на добитниците на првите три места ќе им додели соодветни награди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top