Меѓународниот саем на металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита, ТЕХНОМА 2013 почнува утре во Скопски саем. Во насока на промовирање на овој Саем, годинава се практикува нов, како што велат, герилски приод.
-Технома останува да биде изложбен настан на кој еднаш во годината ќе се потегнат прашањата околу енергетиката, електрониката и воопшто прашањата на стопанството во таа насока. Речиси 40 години го следи развојот на индустриското стопанство во регионот, како и напредокот на најновите достигнувања во областа на технологијата и ја интензивира меѓународната размена. Дека оваа саемска манифестација му е потребна на стопанството, говори фактотот што целиот расположив изложбен простор на Скопски саем со површина од 12.000 м2 е ставен во функција. Зa регионалниот карактер потврда се групните учества од Италија, Грција, Бугарија, Словенија и Хрватска, велат организаторите.
Од 15 до 19 октомври на Скопскиот саем ќе се одржуваат 14 Меѓународен саем на занаетчиство и мало стопанство; 33 Меѓународна изложба на иновации – МАКИНОВА; Агромеханизација, како сегмент на 63. АГРОФУД меѓународен саем за широка потрошувачка; како и средбата на Меѓународната асоцијација „CEFA“ (Централноевропска алијанса на саеми), со експерти околу еколошки места за настани, односно еко- хали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.