Младиот Балотели не престанува да прави скандали, а најновиот во низа го направи при пристигнувањето во Напуљ, каде што тимот на Италија во вторник ќе игра против Ерменија.
По излегувањето од возот со кој пристигнаа „азурите“, бројни сниматели и фоторепортери веднаш ги нападнаа репрезентативците, а главна цел беше Балотели. Тој во еден момент го загуби трпението поради еден од снимателите што го следеа, му ја зеде камерата и му ја фрли на земја.
Но, она што е интересно е тоа дека се работи за камера на телевизијата „Спорт медијасет“, која е во сопственост на Силви Берлускони, кој поседува поголем дел од акциите во Милан, каде што игра Балотели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго
-
Гатузо задовоен по победата над Рома: Сега личиме на вистински тим


