| четврток, 6 декември 2018 |

ММФ предупредува: Банкрот на САД значи нова глобална рецесија

IMF World Bank annual meetings

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристина Лагард, предупреди дека бранкротот на САД ќе значи почеток на глобална рецесија, додека финансиските стручњаци прогнозираат дека претседателот Барак Обама може да воведе строги мерки на штедење како одговор на кризата во американскиот Конгрес.
Лагард, како што пренесуваат американските медиуми, оцени дека сè во светот ќе тргне наопаку ако Америка банкротира. Доколку не дојде до зголемување на лимитот на државниот долг на САД, Министерството за финасии веќе во четврток ќе почувствува кусок на пари.
Ако Белата куќа и опозицијата не се договорат за редовно зголемување на горната граница на државниот долг, на САД им се заканува „технички банкрот“ или принуден режим на строго штедење.
И двете варијанти се закануваат со катастрофални последици за светската економија. Ситуацијата во врска со финансиската криза во САД влезе во фазата на последно одбројување: до 17 октомври буџетот на САД ќе биде практични исцрпен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top