Пејачите Џеј Зи, Крис Мартин и Тимбаленд на концертот во лондонската Арена решија да појдат со јавен пренос, но не можеа да поминат неприметено.
Тројцата овој викенд ги изненадија бројните патници во подземната железница во Лондон, со тоа што тие така стигнаа до познатата О2 Арена, каде што Џеј Зи имаше концерт.
Дека и на нив им било интересно како и на патниците покажува и фотографијата која се појави на Инстаграм.
Ова не е прв пат Џеј Зи да се вози со метро. Минатата година е снимен во подземна железница во Бруклин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.