| четврток, 6 декември 2018 |

Деветмина повредени во страотна сообраќајка на патот Штип-Кочани

soobrakjajka komunikacija

Девет лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи вечерва околу 19:15 часот на патот Штип – Кочани кај крстосницата за Чешиново. Во сообраќајката учествувале комбајн, возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки и „рено меган“ со кочански таблички.

Повредените биле пренесени во општата болница во Кочани. Директорот на болницата Дејан Апостовски информира дека двајца се потешко повредени и веќе се упатени во Ургентниот центар во Скопје, четворица имаат полесни повреди и се хосптализирани во Кочани, а тројца по укажаната помош се пуштени на домашно лекување.

На местото на несреќата во тек е увид од истражен судија, јавен обвинител и екипа на полицијата од Кочани.
Сообраќајот на патот Штип – Кочани се пренасочува преку алтернативниот пат преку село Борилчево – Аргулица – Долни Балван.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top