
Ја преземаме одговорноста како национален сервис на граѓаните и МТВ искрени ѝ се извинува на целата македонска јавност, изјавил за „Вест“ првиот човек на МРТВ.
Откако синоќа не беше реализиран директниот пренос од финалната вечер на фестивалот „Макфест“ од Штип, првиот човек на МРТВ, Марјан Цветковски за утрешниот број на „Вест“, вели дека ќе има откази, доколку се утврди непрофесионално работење на дел од вработените.

„Ја преземаме одговорноста како национален сервис на граѓаните и МТВ искрени ѝ се извинува на целата македонска јавност. Ако причината е човечки фактор, ќе се преземат санкции и најстроги казни и откази. Не може нечија неодговорност да биде на штета на целата македонска јавност“, вели Марјан Цветковски, првиот човек на МРТВ, по повод немањето директен пренос од фестивалот „Макфест“.
Повеќе детали за овој скандал, можете да прочитате во утрешното печатено издание на „Вест“ или во електронското издание.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


