Најмалку 25 лица загинаа, а 101 се ранети во експлозија во седиштето на мексиканската државна нафтена компанија „Петролеос Мехиканос“ („Пемекс“) во главниот град Мексико Сити. Експлозијата се случила на еден од пониските катови од административна зграда во непосредна близина на 51-катната кула на „Пемекс“.
Според експерти, можно е во моментот на експлозијата во седиштето на компанијата да имало над 3.500 лица. Многу вработени не биле внатре бидејќи експлозијата се случила во време на одморот за ручек.
Министерот за внатрешни работи Мигел Анхел Осорио Чонг на прес конференција соопшти дека е потврдена смртта на 17 жени и 8 мажи.
Причината за експлозијата се уште не е утврдена.
Фото: ЕПА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.