Најмалку 65 верници загинаа, а повеќе од 100 се повредени во денешното стампедо во хиндуистички храм во централна Индија. За време на фестивалот Наваратра илјадници верници се собраа во храмот Мандула Деви, на 55 километри од Датиа, главниот град на индиската држава Маџа Прадеш. Стампедото се случи додека верниците го преминувале мостот на реката Синд во близина на храмот за да присуствуваат на религиозниот ритуал од деветиот ден на фестивалот Наваратра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.