Трагови на метали повисоки од дозволеното се пронајдени во млекото на некои од водечките производители. Производите во кои се пронајдени загрижувачки количини на алуминиум се Aptamil, Cow and Gate и Hipp Organic
Истражувачите потврдиле дека млекото за доенчиња може да содржи до 100 пати повеќе алуминиум отколку мајчиното млеко што може да предизвика здравствени проблеми во подоцнежниот развој. Според истражувањата, кои се објавени во списанието BMC Pediatrics, алуминиумот се поврзува со невролошки нарушувања, коскени дефекти и деменција.
Производителите тврдат дека не додаваат алуминиум во прехранбените производи, но најчесто се спакувани во алуминиумска фолија, а можат да се најдат траги од алуминиум во храната која се обработува. На пример, природно се наоѓа во растенијата од соја поради киселата почва каде што расте.
Експертите ги повикуваат производителите да го намалат процентот на алуминиум кој завршува во млекото за доенчиња, а родителите да ги купуваат производите без да се грижат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.