
Бројот на советници од ГРОМ се зголемува. 14 советници од Куманово, Росоман, Охрид, Кисела Вода, Пробиштип, Карпош, Кавадарци, Старо Нагоричани преминале вопартијата на Стевчо Јакимовски. Според Јакимовски, поголем дел од новите советници досега биле независни или биле од Српската напредна странка. Меѓу 14 нови членови во ГРОМ кои се советници, има и по еден од НСДП на Тито Петковски и од СДУ на Лазар Еленовски.
Во ГРОМ веќе се подготвуваат за претседателските избор. Имаат свој кандидат, кој бил познат во јавноста и бил на повеќе раководни функции досега. Тие се повеќе од сигурни дека наскоро ќе има и предвремени парламентарни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


