Утрово, во шест часот и пет минути од стадионот на ФК Слога во Нова Градишка тргна маратонот во спомен на Тоше Проески. Шест години поред маратонците трчаат од Нова Градишка до Крушево, каде се наоѓа вечното почивалиште на Тоше Проески, Тие во родното место на Македонецот со ангелски глас ќе пристигнат на 16 октомври, денот кога Тоше натсрада во сообраќајна незгода.
Утринскиот дожд во Нова Градишка не влијаел на желбата и располпожението да се направи нешто за Тоше. Маратонците годинава ги испратил градоначалникот на Нова Градишка, Дарио Бан.
Пред електротехничкото училиште во Нова Градишка пред три години е поставена спомен плоча, каде многу фанови запалија свеќи и положија венци…
Во капелата во загребачката црква се оддржа молитва за Тоше.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.