| четврток, 6 декември 2018 |

21.12.2012 добива нов датум – на 16. 3. 2880 крај на светот

kraj na svet

Научниците во НАСА веќе подолго време го надгледуваат астероидот под името 1950 DA кој моментално се наоѓа на пат да се судри со Земјата. Удар според нивните предвидувања би требало да се случи на 16  март 2880 година. Астероидот е со пречник од 1.1 километра и се движи со брзина од 15 километра во секунда, во однос на Земјата. Покрај Земјата би требало да пројде толку блиску што би можел да удри во Атланскиот океан со брзина од 61.000 километра на час.

Се проценува дека ако астероидот 1950 DA удри во Земјата, тој ќе го направи тоа со сила еднаква на 44.800 мегатона TNA-a. Иако можноста за овој удар е само три процента, во прашање е 50 процента поголем ризик во споредба со останатите астероиди.

За време на долгата историја на планетата Земја, астероидите со оваа големина, и поголеми, периодично ја „срамнувале“ планетата. Таканаречениот T/K удар ја завршил доминацијата на диносаурусите пред 65 милиона години.

Астероидот 1950 DA е откриен на 23  февруари во 1950  година кога е надгледуван 17 дена пред скоро да исчезне од видик. Повторно е откриен на 31 декември во 2000 а година и идентификуван. Иако научниците тврдат дека нема причини за грижа, се смета дека астероидот сепак ќе има блиска средба со Земјата. Со оглед на тоа дека на располагање се стотина години пред ударот, тие сепак веруваат дека опасноста би можела да се отстрани со просто прекривање на површината на астероидот со јаглен или бели стаклени перли.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top