
Најмалку седум лица загинаа, а едно лице е повредено во денешната експлозија во Кина на нафтен танкер, кој потоа беше зафатен од пожар, соопштија локалните власти.
Експлозијата се случила рано изутрина во пристаништето Нингбо во источната кинеска провинција Џеџијанг, каде танкерот од 300 тона се наоѓал на ремонт во бродоградилиштето.
Огнот на танкерот е згаснат после два часа, а причините нза инцидентот се истражуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


