| четврток, 6 декември 2018 |

3 600 криминални организации „оперираат“ во ЕУ

europol

Околу 3.600 криминални организации дејствуваат во Европската унија, објави „Шпигел“ повикувајќи се на извештајот на специјалната комисија на Европскиот парламент, задолжена за истрага на криминалот, перењето пари и корупцијата во Европа.

Во извештајот се посочува дека криминалните организации годишно нанесуваат штети од стотици милијарди евра.

Речиси 800.000 луѓе во ЕУ работат како робови, од кои 270.000 се жртви на сексуална злоупотреба. Само од трговијата со луѓе, криминалните групи заработуваат 25 милијарди евра годишно, незаконската трговија со органи им носи од 18 до 26 милијарди евра, а сајбер-криминалот – 290 милијарди евра. Сериозна закана е широко распространетата корупција која нанесува штети од 120 милијарди евра годишно, наведува Комисијата на ЕП. Европскиот парламент за извештајот ќе гласа на 23 октомври.

Извор: МИА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top