| четврток, 6 декември 2018 |

Во Скопје живот само до 2049 година

gradovi-mapa-prognoze

 

Во 2049 година во Скопје нема да може да се живее – велат прогнозите на истражувачкиот тим на Универзитетот од Хаваи. Ова се песимистичките прогнози, а оптимистичките не се многу подобри – велат дека тоа ќе се случи во 2080 година. Астрономски високите температури, кои во целост ќе ја изменат климата на ова подрачје ќе предизвикаат апокалипса.

Така, ефектот на стаклена градина предизвикан со емисија на штетни гасови ќе направи средната годишна температура кон крајот на овој век да биде околу 45 до 50 степени, што е за 32 до 38 степени повеќе во однос на 11,9 измерени во 2005 година, гледано во најтоплата година во историјата.

Прва од градовите во регионот ќе настрада Подгорица во 2048, потоа Скопје, Љубљана и Сараево, па на крајот Загреб и Белград.

zelezara

Најлошото од се е што овој процес не може да се сопре. Истражувањето не открива колку температурите ќе се зголемуваат на годишно ниво, но во него се тврди дека по “нултата година“, за Скопје 2049, температурата константно ќе расте на годишно ниво и никогаш нема да падне под средната измерена во 2005 година.

-Овие климатски промени ќе не натераат да го смениме местото во кое живееме, едноставно затоа што нема да можеме да ја поднесеме неговата клима. Ќе биде неподносливо, а животот во цели региони на планетата ќе биде уништен. Дури и ако денеска постои полтичка влја драматично да се намали емисијата на штетни гасови, апокалипската ќе биде одложена само за неколку години – истакнува за ЕнБиСи Њуз, шефот на истражувачкиот тим од Хаваи, Камило Мора.

Песимистичките прогнози се правени на основа на моменталната емисија на штетни гасови, додека оптимистичките ако тие значително би се намалиле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top