
Министрите на ДУИ што претендираат за градоначалнички фотелји ќе поднесат оставки до премиерот Груевски од министерските функции, пред официјализирањето на кандидатурите, изјавуваат од ДУИ, пренесува весникот „Дневник“. Но, ова не значи дека таквиот потег неминовно ќе повлече реконструкцијата на кабинетот на Груевски да биде пред локалните избори. Неизвесно е како ќе одигра премиерот, со оглед на специфичноста на ресорот со кој раководи вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи, оти нема заменик. Оттука и дилемата дали реконструкцијата на Владата ќе биде пред или по изборите.
Kандидатурите за градоначалници на вицепремиерката Арифи за Тетово и на министерот за локална самоуправа Невзат Бејта за Гостивар и оставката на пратеничкиот мандат на Арбен Љабеништа поради кандидатурата за градоначалник на Струга, која до Собранието ја доставил вчера, ќе предизвикаат промени во кабинетот на Груевски. Нов пратеник од ДУИ ќе биде актуелниот заменик-министер за финансии Недим Рамизи, што ќе предизвика смена во вториот владин ешалон. Во ДУИ потврдија дека Рамизи ќе ја прифати пратеничката функција, но не откриваат кој ќе биде новиот заменик на министерот за финансии Зоран Ставрески.
– Оставката ја поднесов оти сметам дека треба со целосен ангажман да му се посветам на тоа за што ми е дадена довербата и за да нема совпаѓање на функциите – рече Љабеништа.
Според извори во ДУИ, по оставката на Љабеништа, се очекува од министерските функции да се збогуваат и Арифи и Бејта и тоа пред 16 февруари – терминот кога се поднесуваат градоначалничките кандидатури.
И покрај оставките на министрите, во ДУИ велат дека реконструкцијата на Владата најверојатно ќе биде по изборите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ДУИ не се подготвени: Не е време за предвремени избори
-
Ахмети: ДУИ има огромен придонес во менувањето на името на државата со цел доближување до ЕУ и НАТО
-
ДУИ бара да се казнат виновниците за смртта на Саздовски
-
Османи го информираше ДУИ за договорот, партијата со целосна поддршка на Владата во преговорите за името


