| четврток, 6 декември 2018 |

„Волшебникот од Оз“ ги собра наградите во Бања Лука

Претставата на Театарот за деца и младинци е апсолутен победник на 12. Меѓународен фестивал на детски театри во Бања Лука, во конкуренција на 13 претстави од 10 земји.

Претставата на скопскиот театар освои четири од вкупно девет награди на фестивалот. Покрај Гранд-при наградата за најдобра претстава во целина, „Волшебникот од Оз” освои уште три награди: за режија за Бонџо Лунгов, актерска награда за Нина Деан за улогата на Дороти и актерска награда за Тања П. Кочовска за улогите на Тетка Ема и Лошата Западна Вештерка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top