Со одигрувањето на три натпревари денеска започна 22 кошаркарско првенство на Македонија. Титула ја брани тимот на МЗТ кој не учествува во првиот дел од сезоната и ќе се прклучи во првенството кога ќе се формира супер лигата напролет.
Во првиот натпревар најтрофејниот клуб во Македонија Работнички без проблеми го победи тимот на Вардар Апаве на гостински терен со 78-62. Предноста Работнички ја создаде уште во првото полувреме и рутинирано до крајот на мечот ја одржуваше. Најефикасен на теренот беше големото засилување за Работнички репрезентативецот на Македонија Дарко Соколов со 23 поени.
Во вториот меч некогашното дерби Кожув-Фени заврши со убедлива победа на гевгеличани со 17 коша разлика. Во текот на натпреварот домашните кошаркари дојдоа и до 28 поени разлика, но во последниот период тренерот на Кожуф Марјан Србиновски ги повлече од игра поискусните кошаркари и разликата беше намалена. Најдобар поединец на паркетот во Гевгелија беше Пековиќ со 21 поен и со само две промашувања во текот на целиот натпревар. Одлично го следеа Мијајловиќ и Караџовски со по 16 поени. Во Фени се истакна ветеранот Богоев со 20 поени.
Во Струмица се одигра вистинска драма. Кошаркарите на Куманово го победија тимот на Струмица со пола кош разлика (76-75). во текот на целиот натправар гостите водеа и со двофицфрена предност, но на крајот успеаа да ја поркоцкаат и да го доведат натпреварот во егал завршница која беше решена со двата поена на Врањеш во последните секунди од натпреварот. Во последниот напад Хасанов не успеа да погоди за победа на Струмица. Во двата табора во одлично светло се покажаа странските засилувања. Кај Куманово се истакнаа Мандиќ со 27, Врањеш со 24 и Мишковиќ со 16 поени, додека кај домаќините предничеа Џексон со 20 и Арсиќ со 15 поени.
Во последниот натпревар утре се среќаваат тимовите на Лирија и Пелистер.
Слободна е екипата на Карпош Соколи која утре ќе игра со репрезентацијата на Македонија за играчи до 20 години. Ова правило е воведено од оваа натпреварувачка сезона бидејќи тимовите повеќе не се обврзани во текот на првите 20 минути од натпреварот да имаат на теренот играч кој нема навршени 20 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


