| четврток, 6 декември 2018 |

Кадриу бара појаснување за одлуката за двојазичните табли

Директорот на Јавното претпријатие Македонија пат ја потврди вчерашната одлука на Инспекторатот во Министерството за транспорт кој ја отфрли одлуката на Јавното претпријатие за Државни патишта кое нареди „Македонија пат“ да ги отстрани информативните табели на автопатот Скопје-Тетово, објави „Алсат М“. Но, директорот Гајур Кадриу вели дека е спорно тоа што е споменат само автопатот Скопје-Велес, но не и Скопје-Тетово, иако во соопштението на Инспекторатот се вклучени сите табели за информирање.

Секако, ние ќе реагираме бидејќи нема смисла. Овој пропуст може е направен ненамерно, но вистина е дека информативните табели, со иницијатива на разни институции се поставени и тоа во согласност со сообраќајните проекти и не се пречка на патот“, вели Гајур Кадриу, директор на ЈП “Македонија Пат”.

Од Министерството за транспорт и врски наведоа дека тројазичните патокази – на албански, македонски и англиски, а кои ги покажуваат насоките за езерото Треска, кањонот Матка, Попова Шапка, градот Охрид и Националниот парк Маврово, се поставени во согласност со законот и не треба да бидат отстранети.

„Всушност, сите табели за информирање кои се наоѓаат во регионот по должината на коридорите 8 и 10 имаат ист третман, не може да има разлика меѓу нив и како што реков минатиот пат и секогаш ќе повторувам, овие табели имаат информативен карактер и не треба да се злоупотребуваат“, додава Кадриу.

Пред еден месец, Инспекторатот во Министерството за транспорт и врски нареди отстранување на сите овие тројазични табели. Тогашното образложение беше дека сите се нелегални.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top